Коста Костов
Вашиот партнер за финансии +389 70 787 275
Аплицирај за бесплатна анализа на пазарот
Финансиска заштита на семејството
Во животот постојат одредени трагични настани на кои неможеме да влијаеме, а притоа покрај емотивната болка која што постои, се создава и финансиска болка од причина што семејството останува без еден извор на приходи. За да не се случи таа дополнителна финансиска болка, постојат начини да се осигураат тие ризици и да се елиминира финансиската болка.
Класично животно осигурување
Unit Linked
Решенија:
1. Класично животно осигурување: Претставува комбинирано штедење и осигурување, каде што осигурителната компанија презема обврска за доживување на договорот да му ја исплати заштедената сума, а доколку се случи трагичен настан да ја исплати осигурената сума уште од првиот ден на потпишување на договорот. Во класичното животно осигурување во моментов нема или мала очекувана добивка.
2. Unit Linked – Животно осигурување поврзано со инвестициски фондови: Претставува нов и иновативен начин на комбинирано штедење/инвестирање и осигурување, каде што делот на заштеда се оплодува во инвестициски фондови, со цел обезбедување на поголема добивка на долг рок, а во делот доколку се случи трагичен настан, осигурителната компанија ја презема обвврската да ја исплати договорената осигурена сума на наследниците на договорот.
ЧПП
Која осигурителна компанија е најдобра?
Сите осигурителни компании во Македонија работат согласно закон и лиценца од Агенција за Супервизија на Осигурувањето и секоја осигурителна компанија има своја конкуренстска предност, затоа се бира компанија согласно потребите на клиентот.
Од кога ми важи осигурувањето, што ако ми се сличи нешто после 6 месеци?
Осигурувањето во полисите важи од првиот ден на почеток на договорот и доколку се случи осигуран настан, осигурителната компанија ќе ја исплати осигурената сума предвидена во договорот.
Што ако неможам да плаќам, дали можам да си ги побарам парите назад?
Согласно условите на договорот, најчесто парите можат да се побарат после истекот на третата година, но осигурителната компанија ќе задржи дел од средствата предвидидени за ризикот кој го преземала и за трошоците за обработка на полисата.
