fbpx

Добиј персонализирано решение адаптирано на твоите потреби

11 години стекнато богато портфолио

kosta@kostovfinance.mk

+389 70 787 275

ЗА МЕНЕ

Вашиот партнер за финансии – Коста Костов

Јас сум Коста Костов, роден во Скопје 1986 година, Дипломиран правник со положен правосуден испит, кој последниве 11 години работи во делот на понуда на финансиски продукти. Во моментов сум Лиценциран брокер за осигурување, лиценциран инвестициски агент и лиценциран пензиски агент. Во секторот на финансиски услуги влегов на мала врата без големи очекувања и првите две години работев паралелно во Адвокатска канцеларија и продажба на осигурување, и по две години сфатив дека мојата животна определба се финансиите.

Лиценциран осигурителен брокер

Коста Костов Број на лиценца издадена од АСО УП -19-3-631 Датум на издавање 05.10.2015

Инвестициски агент

Лиценциран Инвестициски Агент со дозвола за работа издадена од Комисија за Хартии од Вредност на ден 21.07.2022 година

Пензиски агент

Лиценциран пензиски агент со решение од Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување на 05.09.2022 година запишан во регистарот на агенти со код_бр. 15516

Професионалец

Од 2015 година, целосно се посветувам на работа како партнер за лични финансии со една цел, да им помогнам на луѓето да добијат понуда на финансиски продукти и врвна услуга, достапност на услугата и заштита на правата пред финансиските институции со кои е склучен договорот.

УСЛУГИ

Продукти

Инвестициски фондови

Инвестициските фондови се одличен алтернативен начин на штедење/инвестирање на вишокот на средства на луѓето.

Приватно здравствено осигурување

Доброволното приватно здравствено осигурување е решение за проблемите во Јавното здравство и им овозможува на осигурениците преку купување на полиса од осигурителните компании да добијат надомест на трошоците во приватните здравствени установи.

Алтернативни начини на ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ

Неатрактивните каматни стапки на штедните книшки во банките создадоа потреба кај населението за нови алтернативни и иновативни начини на создавање капитал за децата. 

Финансиска заштита на семејството

Во животот постојат одредени трагични настани на кои неможеме да влијаеме, а притоа покрај емотивната болка која што постои, се создава и финансиска болка од причина што семејството останува без еден извор на приходи. За да не се случи таа дополнителна финансиска болка, постојат начини да се осигураат тие ризици и да се елиминира финансиската болка.

Приватна пензија

Доброволната приватна пензија е начин за луѓето да го решат проблемот со државниот пензиски систем, кој не е одржлив поради повеќе причини како: Намалување на наталитетот, Зголемување на животниот век на луѓето итн.

ЗАШТО ЈАС

11 години искуство, потврда за квалитет и посветеност

Професионална анализа на сите понуди на пазарот

Истакнување на предности, но и слабости

Грижа при настанување на штета

Објективност при изборот

Грижа при штети за приватно здравствено осигурување

Заштеда на вашето време - информации за сите понуди

Водење во целиот процес и редовно информирање за новитети

Што нашите клиенти зборат за нас

Кога го правев моето животно осигурување, Коста детално и трпеливо сѐ ми објаснуваше и одговараше на сите мои прашања. Моја искрена препорака за осигурителен брокер!
Искрен, посветен, достапен, способен, само пофални зборови за него.

Ема Анчевска

Managing director at Idea lab

Јас и моето семејство неколку години користиме повеќе продукти од портфолиото на Коста и сме презадоволни од неговиот пристап. Персонализираната финансиска заштита на домот и семејството е единствена со осигурителен брокер како него. Професионален, лесно комуникативен, секогаш тука за нас. Фантастичен човек!

Зорица Т.

(мајка на 3 машки)

Со Коста одлучив да соработувам, поради неговиот пристап ненаметлив, трпелив и без притисок, разговаравме за моите потреби и ми предложи одлично решение за штедење за моите деца. Дополнително секогаш е достапен за било каква потреба да имам.

Дејан Брзанов

Сопственик на Холидеј Травел