Коста Костов
Вашиот партнер за финансии +389 70 787 275
Информирај се дополнително
Инвестициски фондови
Инвестициските фондови се одличен алтернативен начин на штедење/инвестирање на вишокот на средства на луѓето.
Инвестициските фондови претставуваат модерен начин на создавање пасивен приход и оплодување на средствата, преку здружување на парите на повеќе инвеститори и на тој начин парите на инвеститорите да бидат инвестирави во Хартии од вредност: Акции или Обврзници
Инвестициските фондови претставуваат наједноставен начин на инвестирање надвор од Македонија кој воедно е регулиран со закон и од регулаторно тело: Комисија за Хартии од вредност.
Пасивен начин на инвестирање
Диверзификација
Ликвидност
Флексибилност
Достапност
Транспаретност
Клучни карактеристики:
• Пасивен начин на инвестирање: Инвеститорите не треба да се стручни и да се разбираат во инвестирање, туку тоа го доверуваат на искусни профисионалци, портфолио менаџери и инвестициски одбори.
• Диверзификација: Парите се инвесираат во Акции во различни земји, индустрии, различни валути.
• Ликвидност: Средствата во инвестициските фондови се ликвидни, и инвеститорите можат да ги откупат за релативно краток период за максимум 7 дена.
• Флексибилност: Инвеститорите не потпишуваат обврзувачки договори, и имаат флексибилност во динамиката и висината на уплатите.
• Достапност: Инвестициските фондови се достапни до поголем број на население од причина што не е потребна голем износ за да се започне, и е наменет и за луѓе кои немаат почетна заштеда.
• Транспаретност: Најчесто инвеститорите добиваат свој профил, и секој ден ја знаат вредноста на своите средства, кој ден е инвестирано, колкав износ и по која цена.
ЧПП
Дали постои обврзувачки договор и што ако немам да уплатам тековниот месец?
Во инвестициските фондови нема обврзувачки договори и нема обврска дека мора да се уплати секој месец, туку инвеститорот може да уплати кога сака и колку сака.
Дали можам да ги повлечам инвестираните средства и кога најрано би можел да го направам тоа?
Средствата кои се инвестирани во фондовите се ликвидни и можат да се повлечат во било кое време со поднесување на барање за откуп на удели и во рок од 7 (седум) календарски дена ќе ви бидат исплатени според цената на уделот утврдена првиот нареден ден на процена по поднесувањето на Барање за откуп на удели.
Дали ми е гарантирана добивката?
Добивката во фондовите не е гарантирана, таа е очекувана и зависи од вредноста на уделот во портфолиото, односно гарантиран е бројот на удели колку се купени, а цената на уделите зависи од состојбата на берзите. Инвеститорите имаат увид секој ден на цената на уделите и секој ден точно знаат колку им вредат средствата.
