kosta@kostovfinance.mk
+389 70 787 275
ЗА МЕНЕ
Вашиот партнер за финансии – Коста Костов
Јас сум Коста Костов, роден во Скопје 1986 година, Дипломиран правник со положен правосуден испит, кој последниве 11 години работи во делот на понуда на финансиски продукти. Во моментов сум Лиценциран брокер за осигурување, лиценциран инвестициски агент и лиценциран пензиски агент. Во секторот на финансиски услуги влегов на мала врата без големи очекувања и првите две години работев паралелно во Адвокатска канцеларија и продажба на осигурување, и по две години сфатив дека мојата животна определба се финансиите.
Лиценциран осигурителен брокер
Коста Костов Број на лиценца издадена од АСО УП -19-3-631 Датум на издавање 05.10.2015
Инвестициски агент
Лиценциран Инвестициски Агент со дозвола за работа издадена од Комисија за Хартии од Вредност на ден 21.07.2022 година
Пензиски агент
Лиценциран пензиски агент со решение од Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување на 05.09.2022 година запишан во регистарот на агенти со код_бр. 15516
Професионалец
Од 2015 година, целосно се посветувам на работа како партнер за лични финансии со една цел, да им помогнам на луѓето да добијат понуда на финансиски продукти и врвна услуга, достапност на услугата и заштита на правата пред финансиските институции со кои е склучен договорот.
Во овие 11 години имам стекнато богато портфолио од преку 1ООО клиенти кои користат разни финансиски продукти.
Мојата девиза е за луѓето да се бира најдоброто и секогаш да сме достапни со нашата услуга, поготово акцент на постпродажбата.
Во моментов работам и како Тим Лидер во делот на создавање на нов квалитетен кадар и пренесување на моето долгогодишно искуство на нови луѓе.
Сертификати
Што нашите клиенти зборат за нас
Кога го правев моето животно осигурување, Коста детално и трпеливо сѐ ми објаснуваше и одговараше на сите мои прашања. Моја искрена препорака за осигурителен брокер!
Искрен, посветен, достапен, способен, само пофални зборови за него.

Ема Анчевска
Managing director at Idea lab
ЈЈас и моето семејство неколку години користиме повеќе продукти од портфолиото на Коста и сме презадоволни од неговиот пристап. Персонализираната финансиска заштита на домот и семејството е единствена со осигурителен брокер како него. Професионален, лесно комуникативен, секогаш тука за нас. Фантастичен човек!

Зорица Т.
(мајка на 3 машки)
Со Коста одлучив да соработувам, поради неговиот пристап ненаметлив, трпелив и без притисок, разговаравме за моите потреби и ми предложи одлично решение за штедење за моите деца. Дополнително секогаш е достапен за било каква потреба да имам.

Дејан Брзанов
Сопственик на Холидеј Травел
